Има услови за третман на изгорениците во кочанската болница, се прави во посебни сали, тврдат од Министерството за здравствo
Министерството за здравство, тврди дека во Болницата во Кочани, има сали каде се третираат пациентите со изгореници. Според нив, станува збор за двајца вакви пациенти, кои лекувањето сепак го продолжуваат во Клиниката за пластичка хирургија во Скопје. Ова доаѓа откако организацијата „Support Kocani“ објави за овој проблем во текот на вчерашната вечер.
„Од болницата информираат дека во меѓувреме се обезбедени и услови и за набавка и монтирање када за подобар треман на пациентите кои имаат потреба да бидат третирани на овој начин (станува збор за двајца вакви пациенти). Инаку, овие двајца пациенти го продолжуваат лекувањето на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија до заздравување на раните. На одделот за хирургија во ОБ Кочани има посебни сали каде се третираат пациентите со изгореници, меѓу кои и за миење и преврзување и тоалетата се врши навремено и соодветно“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.
Тие посочуваат дека тимови од Клиниката за пластична хирургија веднаш по враќањето на првите пациенти од странство, во договор со хирурзите од ОБ Кочани секојдневно се во контакт и се врши редовна контрола на повредените.
„Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти. Исто така и специјалисти по физикална медицина и соецијалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници“, додаваат тие.
Тие признаа дека хипербарната комора комора уште не е во употреба, но имаат свое објаснување зошто е тоа така..
„Согласно информација од ОБ Кочани, во моментот е во тек сертификација на кадарот за користење на капсулата на хипербарната комора, по што пациентите ќе бидат третирани со овој апарат. Значи веднаш по добивање на апаратот, се преземени неопходните чекори за обука на кадарот за негово користење. Во кочанската болница во тек на 24 часа има континуирано присуство на хирург и стручно лице за физикална терапија