„Имаат рејтинг 2 отсто“: Мицкоски не прифаќа судиите и обвинителите да имаат плата до 350.000 денари месечно
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да се прифатат сите барања од ЕК во делот на законите, особено барањето за зголемување на средствата за судиите и обвинителите кои во измените на законите бараат за судството да се обезбедат 1,3 отсто од БДП годишно или двојно повеќе отколку што е во моментов.
-Тоа би значело 100 милиони долари годишно, а за некоја година 250 милиони долари. Лично сметам дека и овие плати што ги земаат во моментов не ги заслужуваат зошто имаат рејтинг од само 2 отсто. Со тоа што го бараат платите на судиите и обвинителите би се движеле од 300 до 350 илјади денари месечно. Затоа побаравме од Министерството за финансии да направи компаративна анализа колку се одвојува за судството во Германија, Хрватска, Унгарија,… и тоа да и го презентираме на ЕК, вели Мицкоски.