Имам од Албанија доби забрана за влез на Ќафасан, претставува опасност за националната безбедност и јавниот ред

Имамот од Албанија, Ахмед Калаја, изјави дека вчера му бил забранет влез во Македонија на граничниот премин Ќафасан со образложение дека претставува опасност за јавниот ред, националната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи на Северна Македонија, пренесе Фокус. Ова го пишувало во документот кој го добил од македонските служби, а во кои се објаснува забранта.

„Се нема случено да патувам во Македонија, а да нема доцнење. Уште првиот пат кога патував, мојот студент се женеше, чекав 6 часа на граничниот премин на Северна Македонија. Пет години по ред ме запира полицијата. Пред месец дена бев да одржам предавање и имав информации дека сите забрани се укинати и дека моето име е избришано од листата. Кога отидов денеска ми беше дадено оваа писмо кое е дискриминирачко“, вели Ахмед Калаја.

Претходно во ФБ статус тој истакна дека тоа се шовинистички политики на земјата.

„Балкан опен; Отворениот Балкан е премногу добар за да биде вистинит; дека еден ден можеме без пречки да ги преминеме границите. Сум патувал насекаде низ Европа и Британија и нема проблем. Сепак, шовинистичките политики на државата Северна Македонија кон Албанците немаат потекло. И покрај тоа што бев официјално поканет, сите институции беа свесни. Причината за забраната е наведена во писмото; и нормално немаш каде да се жалиш освен на Бога; да им се одмазди за ова невидено монструозно арогантно однесување. Можеби ќе реагираат исламските претставнички институции во двете држави, народниот правобранител, министерството за надворешни работи, државата. Сочувство до верниците и граѓаните на Скопје поради монструозните политики на тие што ги водат“, вели тој

Back to top button
Close