Имаме информации дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот за патување на синот на премиерот за Вашингтон велат од СДСМ

Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон, соопштија од опозициската партија.
„Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно укажува дека тоа не го направил.
Според сознанијата на СДСМ има уште неколку работи кои се интересни за јавноста за оваа, како што ја нарекуваат, прошетка на Мицкоски, а кои се држат во тајност. Но, СДСМ најави дека набрзо ќе ги открие.
„Им порачуваме да ги тргнат рацете од институциите и дека 2016 година одамна е помината. Брзо ќе се открие вистинското лице на ново режимско ВМРО-ДПМНЕ ако продолжат да го прават тоа, а граѓаните тоа жестоко ќе го казнат.
Повеќе од јасно е дека Мицкоски е преплашен од истрагата и инфомрациите кои ги крие. Но како што љубеше да каже менторот на Мицкоски, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на површина“ порачаа од СДСМ.