Имами активно се вклучиле во политичка кампања на ДУИ, верници бараат ИВЗ да покрене постапка
Верници од струшко, скопско и Гостивар бараат ИВЗ да покрене постапки за вклучените имами во политичка пропаганда за ДУИ. Како што велат Исламската Верска Заедница не смее да остане рамнодушна. Нејзината мисија е да го зачува единството на верниците, да го заштити достоинството на верата и да спречи секое извитоперување што ја загрозува одвнатре.
„Во време кога моралната и институционалната одговорност изискуваат јасност и праведност – принципи кои се основа на секоја јавна институција – продолжениот молк на Исламската верска заедница на РСМ во однос на постапките на нејзини службеници, имами и верски лица кои јавно беа евидентирани дека директно поддржуваат кандидати на Алијансата за Национална Интеграција на републичко ниво, е повеќе од загрижувачко. Ниту ИВЗ, ниту надлежните муфтиства, каде се случија овие екцеси– како Скопје, Гостивар и Струга – сè уште немаат превземено никакви мерки ниту пак покренале било какви постапки за нејзините службеници кои беа вклучени во инцидентите кои се случија во текот на парламентарните избори во 2024 година, ниту пак за тие во овие локални избори во 2025 година. Иако токму ИВЗ и муфтиствата се најповикани да реагираат и да завземат јасен став во врска со овие прекршувања на верската и институционалната етика. Не може да се премолчи фактот дека некои имами, именувани во рамките на верските институции, кои треба да бидат во служба на сите муслимани, активно се вклучиле во политички кампањи, со што ја нарушиле довербата кон себе, кон институцијата и кон нејзината неутралност, а која, итекако мора да се зачува“, велат тие и додаваат:
„Исто толку загрижувачки се и некои екстремистички и неуки повици за бојкот на избори и на други општествени процеси, а кои, во конкретниот случај на тие повици, се пренесеуваат анонимно, нелегитимно и без никаква верска научна поткрепа.
Исламската Верска Заедница не смее да остане рамнодушна. Нејзината мисија е да го зачува единството на верниците, да го заштити достоинството на верата и да спречи секое извитоперување што ја загрозува одвнатре. Молчењето пред овие појави претставува соучесништво. Токму затоа членови на ИВЗ и џемаати од повеќе муфтиства, а припадници од секаква етничка и политичка провиненција бараат одговорност поради ваквата вмешаност на оџи во политички кампањи“.