Имане Келиф е сепак само силна жена
Италијанката, Ангела Карини, вчера престана да се бори по само 46 секунди во бокс мечот на Олимпијадата во Париз против Имане Келиф од Алжир. Карини ја напушти борбата одбивајќи да продолжи откако доби тежок удар од противничката од Алжир.
Голем број медиуми тоа тенденциозно го искористија погрешно наведувајќи дека Келиф е родена како маж и заклучувајќи дека во таков случај, како и да се чувствува и да се идентификува, би требало да се бори во машки категории.
Дезинформациите се шират до таму што се тврдеше дека Олимпијадата поддржува родово засновано насилство чии жртви се жените.
Но брза проверка на фактите откривадруга приказна. Келиф е родена како жена. Се појавија и фотографии од нејзиното детство и растење како потврда на тоа.
Италијанската научничка Силвија Компореси, една од водечките експертки на полето на спортска медицина, спортска наука и етика врли дека алжирката е личност со варијации во половите карактеристики (vsd-dsd) што може да доведе до хиперандрогенизам.
-Истото се случува и кај жените со полицистични јајници што се 8-13% на жени. И нив ли би ги исклучиле? -вели Компореси, стручна советничка за етика во WADA (светската антидопинг агенција).
Таа додава дека тоа отвора проблем во еднаквоста бидејќи ендогенетската предност кај мажите не претставува проблем . Втор проблем е што тестирањата се селективни.
Кога во една прилика Келиф и била исклучена од светското првенство за бокс, тоа било поради горенаведените причини. Но секако не бидејќи е транс или интерсекс личност која наводно тенденциозно лаже.
Родена е како жена, се развила како жена и конечно, (но ирелевантно) се чувствува како жена.
Дополнително, околу набрзина создадениот мит за нејзината “непобедливост”. До сега има изгубено 9 пати во ринг со други жени.
-Не мислам дека на било кој начин мамеше. Така е родена и тоа е тоа – изјави Ејми Брудхарст која ја победила во 2022 година.
На минатите Олимписки игри пак изгуби во четвртфиналето.
Марк Адамс, портпарол на Меѓународниот олимписки комитет, рече дека Келиф од Алжир и Лин од Тајван, не се трансродови спортисти и не треба да се опишуваат како такви.