Имав свој кандидат и кандидатка но водев сметка да биде изгласан. Сиљановска за новиот гувернер
Претседателката Гордана Силјановска Давкова во врска со изборот на новиот гувернер на Народната банка рече дека одлуката ја донела по внимателна анализа на стручноста, интегритетот и кредибилитетот на кандидатите, а не врз основа на политичка припадност или лични преференции.
„Не прифаќам генерални квалификации. Да, преферирам жени, тоа го повторувам, и имав и свој кандидат и кандидатка. Но, мора да бидеме реални – не е доволно само да предложите некого, ако тој кандидат нема да помине на гласање“, рече Силјановска Давкова, алудирајќи на потребата од политички договор во Собранието.
„Не е фер да се дискредитира професорот Славевски. Станува збор за светски признаен експерт, за кого не постојат афери, ниту криминал. И порано сме имале гувернери кои биле политички активни – како Петар Гошев, па тоа не било пречка“, рече таа.
Претседателката упати и критика кон дел од јавноста која, според неа, го напаѓа секој избор од политички или лични причини. „Постои една група луѓе која мисли дека сите други се неспособни – сè знаат, сите ги критикуваат. Тоа не го разбирам“, рече таа.7