Џими Батлер од непозната причина го пропушти првиот тренинг на Мајами

Лидерот на Мајами, Џими Батлер не присуствуваше на првиот тренинг на тимот во неделата, објави новинарот на „АП“, Тим Рејнолдс.

Ѕвездата на „жешките“ која го предводеше тимот до финале за прв пат од 2014 година, го пропушти тренингот со дозвола на главниот тренер Ерик Споелстра. Сепак, причината за неговото отсуство е непозната.

Неколку играчи од НБА беа позитивни на коронавирус пред почетокот на новата сезона. Почетокот на новото првенство е закажано за 22 декември.

Back to top button
Close