Инцидент на градилиште: Со возило се обидел да удри работници
Во СВР Скопје вчера во 20:00 часот било пријавено дека се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.

Според пријавата од Н.К. (1974) од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба.
– Advertisements –
По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.
Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот.
Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.






