Инцидент во Центарот за социјална работа во Прилеп – се степале две колешки

Тепачка меѓу две колешки го потресе Центарот за социјални работи во Прилеп. Настанот се случил вчера, 21 октомври 2025 година, околу 14:45 часот, кога 45-годишна вработена била нападната од своја колешка додека била на работното место.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, нападнатата жена случајот веднаш го пријавила во Одделението за внатрешни работи Прилеп, по што била спроведена првична истрага. Засега не се познати мотивите за инцидентот, ниту дали оштетената побарала лекарска помош по нападот.

Од МВР потврдија дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на околностите кои довеле до физичката пресметка меѓу двете жени. По завршувањето на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни пријави против напаѓачката

Back to top button
Close