Инцидент во касарната Илинден: Војник бил принуден да пука

Дежурниот старешина во касарна Илинден вчера во полиција пријавил дека стражар – војник, кој бил на стражарско место од страна на ул.„Македонско- косовска бригада“, испукал еден предупредувачки куршум откако кон неговото стажарско место се движеле две машки лица, кои не застанале и продолжиле со движење и по неговото предупредување, по што слушнал неколку истрели од страна на лицата.

Полициски службеници излегле на местото и била пронајдена една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close