Инцидент во Либан: Израелската армија призна дека по грешка погодила мировници на ОН во Либан, ранети војници од Гана
Израелската армија призна дека пред околу две недели нејзина тенковска палба погодила позиција на Обединетите нации во јужен Либан, при што биле ранети мировници од Гана, дел од мисијата УНИФИЛ.

Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека истрагата утврдила оти нападот бил „изведен по грешка“, откако силите на ОН биле погрешно идентификувани како извор на претходен противтенковски напад.
ИДФ изрази жалење за инцидентот и упати извинување до Гана и до Обединетите нации.
Мисијата УНИФИЛ има задача да го надгледува примирјето и безбедносната состојба долж разграничувачката линија меѓу Израел и Либан, регион кој е во центарот на тековните судири меѓу израелските сили и борците на Хезболах, поддржани од Иран објави Скопје1.мк






