Инцидент во Србија: Дрво паднало пред автомобилот на српскиот премиер. Се истражува дали било намерно турнато

viber sharing button


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека дрво паднало на патеката пред автомобилот во кој бил премиерот Милош Вучевиќ.

Дачиќ додаде дека полицијата темелно ги истражува информациите дали дрвото било намерно соборено.

Претходно српските медиуми објавија дека непознато лице соборило дрво кое целосно го попречило патот на делегацијата предводена од српскиот премиер на враќање кон Белград пишува Телеграф.

Дачиќ истакна дека овој настан не изгледа нормално, но додаде дека веќе ништо не е нормално.

Back to top button
Close