Инцидент во Зоолошката градина во Белград: Зебра повреди дете и двајца возрасни
Двегодишно дете и двајца возрасни беа повредени попладнево во инцидент во Зоолошката градина во Белград, кога зебра побегна од ограден простор.
Детето е пренесено со брза помош во Универзитетската детска клиника додека двајца возрасни се згрижени во Военомедицинската академија (ВМА). Повредени се 30-годишен маж со двегодишно дете, како и жена на возраст од 51 година.
Вработените во Зоолошката градина во моментов утврдуваат како се случил инцидентот.