Индија протерува половина од персоналот на пакистанската Амбасада

 Индиските власти денеска најавија дека планираат да протераат половина од дипломатскиот персонал на пакистанската Амбасада во Њу Делхи поради шпионажа.

Индиското Министерство за надворешни работи објави дека пакистанските дипломати се занимавале со шпионажа и одржувале контакти со терористички организации, и најави дека во ист обем ќе се намали и бројот на вработените во индиската Амбасада во Исламабад.

Засега нема коментари од пакистанската амбасада во Њу Делхи, чии двајца дипломати беа приведени од индиските власти, а потоа на крајот од мај беа протерани од земјата поради наводна шпионажа, додека Исламабад ги отфрла овие обвинувања како неосновани.

Back to top button
Close