Индискиот министер за внатрешни работи позитивен на Ковид-19

Министерот за внатрешни работи на Индија, Амит Шах денеска соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и оти е хоспитализиран.

Шах е еден од најмоќните политичари во Индија и близок соработник на премиерот Нарендре Моди, а неговото Министерство има важна улога во напорите за сузбивање на пандемијата со новиот коронавирус во земјата.

Шах на Твитер им порача на сите со кои бил во контакт да одат во самоизолација и да се тестираат.

Во Индија со новиот коронавирус инфицирани се вкупно 1.757.393 лица, од кои починале 37.452.

Back to top button
Close