Индиските земјоделци не се откажуваат од протестите во Њу Делхи

Индиски земјоделци, кои и денеска протестираат против новите закони за земјоделската сфера кои веруваат дека финансиски ќе ги уништат, ја отфрлија владината понуда прво да ги деблокираат патиштата, а потоа да седнат и да разговараат.

Илјадници земјоделци ќе продолжат да кампуваат на автопатите во државите Пенџаб и Харијанам се додека не се укинат трите нови закони за земјоделие.

Земјоделците велат дека законите можат да предизвикаат владата да престане да купува жито по договорените цени, што ќе им биде од корист на корпорациите, кои евтино ќе ги купуваат нивните посеви, јавуваат американските медиуми.

Владата, пак, смета дека со законите се носи „долгоочекуваната земјоделска реформа што на земјоделците ќе им овозможи слободен пазар, на кој тие ќе го зголемат производството преку приватни инвестиции“.

-Овие реформи се потребни не само за да се ослободат нашите земјоделци од постојните проблеми, туку и да им отворат нови можности, рече денеска индискиот премиер Нарендра Моди.

Земјоделците често пати се жалеа дека владата ги игнорира и често пати излегуваа на улиците во потрага по подобри цени за нивните посеви и системи за наводнување во сушната сезона.

Back to top button
Close