Индонезија ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени

Индонезија денеска ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 66 километри и оддалеченост од 211 километри од местото Туал.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.






