Индонезија: Еруптираше вулканот Мерапи

Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава исфрли облаци од пепел и врел гас во висина од околу 6.000 метри.

Голема количина пепел ги прекри неколкуте села на островот, а властите го советуваа локалното население да останат три километри оддалечени од вулканскиот кратер и да бидат свесни дека постои опасност од лава.

Властите не го кренаа нивото на предупредување за вулканската активност на Мерапи.

Планината и вулканот Мерапи, висок 2.968 метри е еден од најактивните вулкани во Индонезија.

Големата ерупција на Мерапи се случи во 2010 година, кога загинаа 353 луѓе.

Back to top button
Close