Индонезија одобри приватна шема за вакцинација против коронавирусот

– Индонезија одобри една од првите приватни шеми за вакцинирање која функционира паралелно со нејзината национална програма, согласно која компаниите можат да купат вакцини обезбедени од државата за да го имунизираат својот персонал.

Иницијативата предизвика критики од некои здравствени експерти кои тврдат дека тоа може да ја влоши нееднаквоста.

Индонезија, која е четврта по големина земја во светот и најголема земја во Југоисточна Азија, почна амбициозна програма за бесплатна вакцинација за 181,5 милиони луѓе за околу една година, но бизнисот бара да се најде за начин да се забрза имунизацијата на персоналот, за да се отвори економијата.

Предвидено е компаниите да можат да купат вакцини и бесплатно да ги имунизираат вработените и нивните семејства во приватни здравствени центри со вакцини дистрибуирани од државната фармацевтска компанија Био Фарма. Вакцините во шемата мора да бидат различни од оние што во моментов се користат во националната програма за вакцинација. ссм/

Back to top button
Close