Индонезија соопшти дека повредени Палестинци од Газа ќе може да се лекуваат на островот Галанг

Индонезија ќе го претвори медицинскиот центар на моментално ненаселениот остров Галанг во болница за нега на околу 2.000 ранети жители на Газа, кои по опоравувањето ќе се вратат во својата земја, соопшти денеска Хасан Насби, портпарол на индонезискиот претседател.

„Индонезија ќе им обезбеди медицинска помош на околу 2.000 жители на Газа кои станаа жртви на војната, на оние кои се ранети и закопани под урнатините“, изјави Насби за новинарите и нагласи дека ова не е евакуација, туку хуманитарна помош.

Како што изјави тој, медицинскиот комплекс на островот Галанг, кој се наоѓа јужно од Сингапур и покрај брегот на индонезискиот остров Суматра, ќе биде реконструиран за привремено згрижување на ранетите од Газа и нивните семејства

Back to top button
Close