Инфективна: Во модуларната болница ниту имало поплава ниту дошло до хаварија

Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затворање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување, велат од Клиниката

Во модуларната болница немало никаква хаварија бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија.

Ваква реакција испратија вечерва од Инфективната клиника реагирајќи на информации дека во Клиниката е избегната хаварија поради прокиснување на покривот.

Модуларната болница, велат, досега беше три пати отворана и затворана согласно потребите во текот на пандемијата, а во моментов таму се врши дезинфекција.

„На КИБФС вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Капацитетот на Клиниката е 100 болнички кревети, а на модуларната болница кое е помошно инфективно одделение 70 болнички легла. Инфективна клиника ја става во употреба модуларната болница кога е исполнет капацитетот на Клиниката и другите ковид болници во градот. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затворање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување“,велат од Инфективна.

Покрај модуларната, додаваат оттаму, изминатиот период затворени се и други ковид-центри во склопот на Клиничкиот центар со оглед дека има намалување на бројот на хоспитализирани.

Back to top button
Close