Инфлација од непартиски кандидатури по неуспехот на Собранието да го регулира собирањето потписи
Политичките аналитичари Марко Трошановски и Петар Арсовски очекуваат бројот на кандидатски листи на претстојните локални избори значително да се зголеми, што ќе доведе до забуна кај многу гласачи кои сè потешко ќе можат да го најдат кандидатот за кој сакаат да гласаат.
Ваквите нивни анализи доаѓаат откако големите партии не успеаја да најдат праг за собирање потписи кој, од една страна, нема да биде превисок за да не ги спречува независните да учествуваат на изборите, но од друга страна, ќе постават некаков праг за да ги обесхрабрат оние кои се кандидираат само на шега или за да прават забуна кај гласачите.
