Инфо караванот на ИПАРД во Неготино и Кавадарци 

Инфо караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци. Заинтересираните имаа можност да се информираат за Мерката 1, инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Инфо средбите беа организирани според КОВИД-19 протоколот за заштита, на отворен простор, со мерење телесна температура на секој посетител, дезинфекција на рацете и давање заштитна маска.

-Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите за полесно информирање и искористување на Мерката 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата е трети август 2020 година, истакнуваат од ИПАРД караванот.

Во понеделник, 27 јули, инфо деновите продолжуваат во општините Зајас и Осломеј.

Последниот ден ќе биде во општина Конче, на 28 јули.

Мерката 1 ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои имаат производни капацитети од растително или сточарско производство. Со овие инвестиции се постигнува јавно здравје, благосостојба на животните и заштита на животната средина, а со тоа и поквалитетно производство и развиено земјоделско стопанство.

Back to top button
Close