ИНФОГРАФИК: За два месеци горивата поскапеа за околу 10 денари – како се движеше растот на цените

Цените на горивата и нафтените деривати од почетокот на годината се зголемија за околу 10 денари. Во првата недела од јануари Еуросупер БС 98 на бензинските ширум земјата се точеше за 77 денари, а оваа недела цената е 86 денари.

95-ката порасна за 9 денари. Ако во во првата недела од јануари цената беше 75, сега таа е 84 денари.

Нафтата го достигна историскиот рекорд од април 2012 година и достина 75,5 денари. Пред само два месеци цената на дизелот беше 65 денари.

И кај Екстралесното масло за домаќинства сликата е идентична. Во првата недела од јануари литро масло беше 65.5 денари, а неделава тоа се точи за 74.5 денари.

Најблаг раст од „само“ 8,1 денар се бележи кај мазутот. Тој пред два месеци чинеше 40,2 денари, а сега чини 48,1 денар.

Back to top button
Close