Инфомакс: Дали Мицкоски крие дека ќе се сретне со бугарскиот контроверзен бизнисмен Волканов?
Бугарскиот бизнисмен Николај Волканов денеска ќе се сретне со премиерот Мицкоски во Владата, дознава Инфомакс од сопствени извори.
Средбата не е најавена во медиумите, но истата треба да се одржи во периодот од 17 до 18 часот.
Волканов е сопственик на БУЛМАК, компанијата која е концесионер на рудниците Тораница и Злетово.
Во рудникот Тораница неодамна се случи хаварија од која беа загадени Крива Река и Тораничка Река. Испитувањата кои беа објавени од страна на Општина Крива Паланка и невладините организации покажуваа енормна количина на цијанид, олово и останати штетни супстанци во водата.
Волканов е бугарски бизнисмен, член на бордот на директори на „Мултигруп“, компанија позната во бугарската, а и во македонската јавност по низата мафијашки дејанија на нејзините основачи и директори. Компанијата се поврзува и со атентатот на македонскиот претседател Киро Глигоров,
…