Инфомакс- Ексклузивен документ: Лорд Робертсон предлага британската дипломатија да посредува меѓу Скопје и Софија за Македонија да не се сврти кон руско-српската орбита!

t

Во стратегијата на Лордот Џорџ Робертсон се предлага британската дипломатија да посредува меѓу Скопје и Софија.

Излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ и дава на владата степен на дипломатска флексибилност, што може да ѝ овозможи да им помогне на британските сојузници. Имено, поради својата позиција надвор од ЕУ, но членството во НАТО и Г7, Обединетото Кралство може да го игра улогата на чесен посредник во помагањето да се решат вкоренетите спорови на Западниот Балкан. Во своите препораки за британската дипломатија во однос на македонско бугарскиот спор, авторот на овој документ, поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон вели:

“Така Британија треба да понуди да посредува во спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, за да го спречи натамошно назадување на Скопје и тендецијата да оди кон во руско-српската орбита. Тоа може да го направи со посредување. Ќор-сокакот меѓу двете страни треба да се бара врз основа на содржината на нивната постоечки Договор од 2017 година . Обединетото Кралство, исто така, може да се потпре на најдобрите практики усвоени оттогаш. Договорот за мир во Северна Ирска, особено во образованието е добар пример. Со цел да се ​​поттикне напредок, Обединетото Кралство може да понуди дополнителна поддршка во бугарските аспирации за пристапување кон ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) со зголемување на обемот на програмите за истражувања и развој. Исто така Велика Британија може да ги поттикне британските инвеститори за инвестирање во Бугарија. Слични понуди треба да и се дадат и на Северна Македонија во соработка со Франција и Германија со цел да се поведе земјата кон забрзано отворање на поглавјата за пристапување во ЕУ, што овозможува поголем пристап на Северна Македонија до развојните фондови на ЕУ.”

Во проценката на актуелните безбедносно политички процеси во Македонија, Лордот Робертсон стравува од свртување на Македонија кон руско-српската орбита.

“Сите јавни анкети кои се достапни во моментов сугерираат дека додека јавноста на Западен Балкан– освен Србија – остануваат определени за интеграција во ЕУ (и НАТО), но нивната вера во процесот имплодира. Накратко, Западен Балкан сака да влезе во ЕУ иНАТО, но не веруваат дека ЕУ и НАТО сакаат да ги прифатат. Северна Македонија, која по Договорот од Преспа од 2018 година се појави како фаворит во регионот сега се соочува со фрустрации за темпото на нејзиниот пристап во ЕУ, што резултира со зголемување на поддршката на националистичката агенда. Тоа пак води кон обновување на можности за зголемено влијание на Србија, Русија и Кина во таа земја”.

Во овој документ од 15 страници потпишани од Лордот Робертсон се прави детална анализа на руските и кинески влијанија во регионот.

Целиот текст на инфомах мк

Back to top button
Close