ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

t

Како дел од истрагата за трагедијата во ПУЛС на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес се приведени уште неколку полициски службеници, ексклузивно дознава Инфомакс.

Како што дознавање приведени се Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).

Во несреќата која се случи на 16 март 2025 година во кочанската нелегална дискотека ПУЛС животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Загинатите се претежно млади луѓе, а неколкумина од нив беа и малолетници.

Back to top button
Close