Информација од Министерството за култура за исплатата на реализирани проекти од програмата за 2020

 Владата со заклучок од седницата одржана на 09.02.2021 година го задолжи Министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност, информираат од Министерството за култура.

Од Министерството велат дека се прават напори да ги исплатат парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за  музичка и сценско-уметничка  дејност, како и за фолклорна, сценско-уметничко дејност и мултидисциплинарни дејности.

– Свесни сме дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците. Министерството за култура сè  уште го чека исходот од истрагата која финансиската полиција ја спроведува за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2020 година, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Од Министерството за култура, посочуваат, дека и во овој период ги преземале сите неопходни чекори за надминување на настанатата состојба, и дека на Владата ќе и достави предлог за разрешување на оваа несакана ситуација.

Back to top button
Close