Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажа протестот по средбата со министерот Спасовски

По денешната средба на претставници од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откажан е протестот најавен за среда пред Владата.

– Нашите барања најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува, наведоа од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ на „Фејсбук“.

Од МВР за МИА информираа дека на средбата било разговарано за барањето на Иницијативата за издавање на лиценци за работа на летните клубови во Скопје, за што министерот Спасовски укажал дека од страна на МВР ќе биде направено се што е во рамки на нивните надлежности.

Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ реагираше дека летните ноќни клубови сеуште немаат добиено лиценци за работа поради што најавија протест пред Владата

Back to top button
Close