Иновативни производи кои ја одбележаа 2020 година

Големи пожари, политика, протести и КОВИД-19 се она што ја одбележа изминатата 2020 година. Сепак, и во таква „тешка“ година, компаниите продолжија да работат на иновации, создавајќи многу нови производи кои без голема помпа пристигнаа како освежување, решавајќи одредени проблеми. Свесни дека иновациите ги носат промените што ја градат иднината каква што сакаме да биде, компаниите продолжија да користат научни истражувања, технолошки пронајдоци и врвен дизајн за создавање подобра иднина. Од средство за дезинфекција на раце и маски за лице, преку најбрзиот спортски чевел што некогаш бил истрчан на маратон, преклопливи таблети и лаптопи, домашно фитнес студио, перница која го намалува рчењето, до нови иновативни модели возила.
Иако списокот на иновативни производи кои ја одбележаа 2020 година е голем, еве некои од нив.
Преклопливи таблети и лаптопи
Ако 2019 година ја одбележаа телефони што можат да се преклопат, како Mate X на Huawei, минатата година трендот на преклопување се прошири на лаптопите и таблетите. Аналитичарите се одушевени од Lenovo’s ThinkPad X1 Fold, дисплеј што може да се преклопи и ги комбинира најдобрите карактеристики на лаптоп и таблет во еден елегантен дизајн. Dell исто така дебитираше во две преклопувања, Concept Ori и Concept Duet.

IQOS
Пред четири години, IQOS првпат се појави на јапонскиот пазар и предизвика скоро моментална, тектонска промена, досега невидена и неочекувана во тутунската индустрија. Благодарение на Филип Морис, производите што греат наместо да горат тутун станаа тренд во тутунската индустрија, а оваа компанија е лидер на тој тренд.
Минатата година Филип Морис Интернешнл (PMI) ја освои наградата за иновации за 2020 година на Business Intelligence Group(BIG). Наградата на компанијата ѝ беше доделена за иновациите кои ги пласира на пазарот во време кога ја продолжува целосната деловна трансформација за да обезбеди иднина без чад и да ги замени цигарите со подобри алтернативи за оние возрасни лица кои инаку би продолжиле да пушат. Според образложението на БИГ иновациите станаа главна тема на компаниите во речиси сите индустрии, а победниците за 2020 година сведочат за креативноста, страста и упорноста на поединците ширум светот. Филип Морис води како пример постигнувајќи вистински напредок нудејќи иновативни решенија за заедницата и потрошувачите.






