Џиновска машина за шиење во Штип испиша 18.000 денари минималец на црвеното работничко платно

Во Штипскиот парк денеска е поставена џиновска машина за шиење со огромно црвено платно на кои е извезено „18 000 минимална плата“.

Целта е да се истакне значењето на зголемувањето минимална плата од 18 000 денари за штипските текстилни работнички и работници, имајќи предвид дека во овој град има голем број текстилни фабрики, каде вработените со часови се над машините за шиење, често во тешки услови за работа. Главно тоа се жени, кои во исто време мораат да се грижат и за своите семејства.

Текстилните работници се столбот на штипското стопанство и на локалната заедница.

Сегашните 18 000 минимална плата се двојно повеќе од 9 000 денари во 2017 година

 

 

Back to top button
Close