Инспекции ја тресат Детска клиника, се истражува смртта на седуммесечното бебе…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денес е во вонредна контрола на работењето на Клиниката за детски болести во Скопје откако во неделата почина седуммесечно бебе. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов финален резултат од вонредниот надзор најави за утре.
„Во текот на денешниот ден од моја страна беше издаден налог за вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести со сознанија за починато седуммесечно бебе кое, по искажување на директорот, било донесено со тешки оштетувања на повеќе органи. По утврдување на фактичката состојба во делот на приемот, во делот на пружање на здравствена заштита како и евидентирање, ние претпоставувам дека во текот на утрешниот ден ќе излеземе со поконкретни финални податоци“, рече директорот Лазов