Инспектори на МААЕ се вратија во Иран, шефот на агенцијата доби специјална заштита од австриската полиција

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се вратија во Иран, изјавија шефот на таа агенција, Рафаел Гроси, и ирански официјални лица, пишува денеска Си-Ен-Ен, и покрај иранската забрана за соработка со агенцијата на Обединетите нации.

– Разговараме за тоа кои практични модалитети можат да се имплементираат за да се овозможи повторен почеток на нашата работа, изјави Гроси денеска за Фокс Њуз, пренесува Си-Ен-Ен.

Некои светски агенции денеска јавија дека Гроси добил заштита од специјална единица на австриската полиција поради закана што ја добил. МААЕ ја потврди таа заштита, но не соопшти за каква закана станува збор.

МААЕ се повлече од Иран во јули, кога парламентот во Техеран усвои закон за прекинување на соработката со инспекторите на оваа агенција поради израелско-американските напади.

Гроси рече дека инспекторите се повлекле бидејќи инспекциите не биле можни поради воените околности.

Гроси денеска исто така информира дека се сретнал со американскиот државен секретар Марко Рубио.

– Кратка, но важна размена на мислења денеска со секретарот на Стејт департментот, Марко Рубио, во Вашингтон, во врска со работата на ММАЕ во Иран и Украина и силната соработка меѓу САД и ИАЕА додека нуклеарната иновација напредува, напиша Гроси на Х.

Тој исто така се заблагодари на континуираната поддршка на мисијата на МААЕ  за мир.

Back to top button
Close