Инспектори од Центар затворија градилиште на Пластичарска: Инвеститорот треба да го урне објектот

Општината тврди дека инвеститорот бил непознат и се градело без дозвола за градба. Даден е рок за самиот да ја урне градбата, а во спротивно тоа ќе го направи Општината на трошок на инвеститорот

Градежниот инспекторат на Општина Центар денеска затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“ познат како Пластичарска улица.

Информацијата ја објавија од Општината откако денеска бил извршен вонреден инспекциски надзор во кој е констатирано, како што велат, дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на Општината.

„Градежниот инспектор по увидот и затворањето на градилиштето донесе решение за отстранување на нелегалната градба во законски предвиден рок. Доколку не биде отстранета, Општината ќе пристапи кон административно извршување на објектот, за кое трошоците ќе паднат на товар на инвеститорот“,велат од Општината.

Оттаму апелираат инвеститорите и сопствениците да си ја обезбедуваат документацијата пред да почнат да градат, а во случаи како овој да постапат според решението за отстранување на нелегалните објекти

фото 360 мк

Back to top button
Close