Инспекторите најавуваат протести ако Пауновски биде разрешен
Во историјата на Инспекторатот немало толку успешен директор, велат дел од колегите на Стојко Пауновски, изненадени од изјавата на премиерот Зоран Заев за негово разрешување поради тоа што не прифаќа нови 35 рамковни вработувања.
Како што објави Телма, инспектори од сите градови се на пат кон Скопје. Бараат прием кај премиерот Заев во Владата. Потпишуваат петиција да не биде разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски. Не исклучуваат и протести против разрешувањето.