Инспекторите немаат надлежност да проверуваат дали сертификатот е валиден

Анета Симеска Димоска, директорката на Државниот пазарен инспекторат, на денешната прес-конференција порача дека инспекторите немаат надлежност да проверуваат дали сертификатот на гостите во локал е валиден или фалсификат.

„Немаме надлежност да ги контролираме лицата дали поседуваат сертификат или дали тој е валиден. Апелирам да ја користат апликацијата дадена од МЗ, затоа што при наша контрола, ако се потврди дека лицата немаат сертификат, одговорноста е на угостителот“, истакна Димоска.

Годинава, вкупната глоба за непочитување на протоколите во угостителските објекти е 6.000.000 денари, а над 1,6 милион денари е казната за одговорните лица.

Back to top button
Close