Инстаграм профил шири говор на омраза, институциите бараат конкретна жртва за отворање на постапка

„Да ви ги е**м шарените сториња“ и „Не за ЛГБТ пропагандата“, се само дел од пораките кои се најдоа во објавите на еден од македонските Инстаграм профили кој го следат преку 40.000 корисници. Со овие свои објави администраторот го искажува револтот од присутноста на ЛГБТИ заедницата во медиумскиот простор, која периодов е растеж поради виртуелното славење на Месецот на гордоста.

На ваквите објави, администраторот на профилот, се надоврзува со многу коментири, анкети и споделување на размислувања на истомисленици, спојувајќи се со останати профили од кои голем дел споделуваат навредливи коментари или шират говор на омраза кон ЛГБТИ заедницата.

На последниот ден од Месецот на гордоста, Радио МОФ разговараше со комуникологот Бојан Кордалов и Јована Јовановска, дел од правниот тим од ЛГБТИ центарот за поддршка околу проблематиката на насочениот онлајн говор на омраза во македонската интернет сфера.

Јовановска за Радио МОФ вели дека најголемиот дел од случаите на говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето се случува онлајн, а зачестеноста варира во зависност од присуството на ЛГБТИ тематиките онлајн, но и офлајн.

„Со секое зголемување на видливоста на заедницата забележуваме пораст на говорот на омраза речиси паралелно, но понекогаш се шири говор на омраза кон заедницата и кога воопшто ЛГБТИ прашања не се тема. Зачестеноста на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација и/или родов идентитет ја поврзуваме со недостатокот на соодветна правна рамка за адресирање на овој феномен, но уште повеќе во неказнувањето и неосудувањето на ширачите на ваков говор. Инертноста на институциите е голем проблем и во голем дел од случаите институциите не го ни препознаваат говорот на омраза, а уште помалку го казнуваат. Ние имаме поднесено стотици пријави до МВР, а за ниту една немаме добиено никаков одговор. Ова е доволен показател за создадената пракса на неказнување, а со тоа и незаштитување на цели маргинализирани групи на граѓани“, истакнува таа.

Комуникологот Кордалов ја искажа својата загриженост поради  заканите и омаловажувањата, додавајќи дека ваквата комуникација е недозволива за времето во кое живееме.

„Не можам да разберам кој е мотивот и какво задоволство може некому да предизвика навредувањето и вознемирањето на друг човек, стигматизацијата, предизвикување некому да се затвори во себе, да се депримира, па дури и да размислува да посегне по себе и сопствениот живот. Мислам дека веќе е доцна, односно крајно време е конечно да сфатиме дека секој човечки живот вреди и ништо не ни дава за право вака да постапуваме, да повредуваме и шириме говор на омраза“, истакна Кордалов за Радио МОФ.

Според Јовановска, говорот на омраза во реалноста многу често доведува и до насилство и дела од омраза.

текстот во целост прочитајте го тука

Back to top button
Close