Институциите да работат на заштита на животните но и на луѓето.Протест пред владата

фото 360 мк
Активистите со свирчиња и црвена боја како симбол за сите невини убиени животни, упатија јасна порака до институциите – дека конечно треба да работат во интерес на заштита на животните, но и на луѓето.

„Решението на проблемот е во отворање на ветените државни шелтери за вдомување на бездомните кучиња, да се воведе задолжителното микрочипирање на милениците, како и задолжителната стерилизација односно кастрација на милениците, која за помалку од три години би го решила проблемот со кучињата скитници“,рекоа активистите на протестот.
Активистите велат оти нема да прифатат убивањето на бездомните животни да стане новата реалност.
Протестот на активистите за заштита на правата на животните следува откако здружението „Анима мунди“ во понеделникот соопшти дека во Струга се убиени десетици маалски бездомни кучиња.