Институтот за македонски јазик: Зборовите со навредливо толкување ќе бидат отстранети од Толковниот речник
„Циганче“, „циганштија“, „поциганчи“, „циганштилак“ се дел од навредливите зборови кои се најдоа на владината дигитална платформа makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.
По објавувањето на дигиталниот Толковен речник, до Владата пристигнаа реакциии од претставници на ромската заедница во земјата во врска со навредливите зборови кои се застапени во речникот.
Претставници на Владата на Северна Македонија и на Министерството за образование и наука веднаш стапија во контакт со редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш беше покажано разбирање и информираа дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.
„Лично ги поздравувам сите навремени реакции на граѓанскиот сектор и сите активисти во однос на навредливите зборови опфатени во дигиталната верзија на толковниот речник изработена од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ и користењето на изрази кои всушност преставуваат егзоними и називи кој се наметнати од другите и истите не постојат во Ромскиот јазик.
Остварена е комуникација со надлежните институциии. Реакциите се примени и соодветно ќе се постапува и ќе се корегира делот кој што е предмет на реакцијата. Институтот за македонски јазик ја информираше Владата дека ги разбира реакциите на ромската заедница и дека зборовите со навредливо толкување ќе бидат остранети од толковниот речник на македонски јазик. Од страна на стручниот тим на речникот во Институтот беше покажано разбирање и инфомирање дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.
Од редакцијата од Институтот за македонски јазик информираа дека стручниот тим во наредниот период ќе изврши ревизија на лексимите во речникот и дека ќе следува процес низ кој што зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст .
Се разгледуваат и модалитети по терк на современите толковни речници каде што има и објаснување / едукативно дејство и дескрипција дека вакви или слични зборови кои се користат како термини имаат навредливо или дискриминаторско дејство кон одреден колектив и заедница.
Овој пример на реакција на заедницата и потоа брза одлука за постапување од страна на надлежните во Институтот ја покажува вредноста на јавната достапност на дигитализираниот речник . Низ овој пример сведочиме учество на граѓаните во унапредување на јазикот како жива материја и негово негување и од социо-лингвистички аспект согласно современите општествени текови и вредности“, истакна Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ.
извор. цИВИЛ