Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

РСЕ -Зошто за дијабетичарите се уште се увезува терапија која на Западот одамна е исфрлена од употреба?

Клековски – Одговорно тврдам дека инсулини се набавуваат од глобални светски производители дека нема шанса да има неквалитетен производ ако е производот од нова Нордиск. Друго е очекувањето кој се треба да биде третиран со други скапи терапии.

Овде мора во еден момент да кажеме сите групи очекуваат светска нова терапија, меѓутоа Македонија во ништо не е во врвот на светските ранг листи. Со БДП на 80 место пер капита, во повеќето други критериуми меѓу 60 и 80 место. Со десетина долари или евра придонеси здравствени, не можете да очекувате здравство како што има во Шведска и лековите што се достапни во Шведска.

Второ прашање, и да има барање кон фондот, Фондот мора да има некаков концепт на еднаквост. Значи, Фондот не може да донесе најмодерна терапија за една демографска група, една група пациенти, а друга група пациенти да остане заборавена само зашто нема здружение на пациенти кои ќе ги застапува интересите.

Back to top button
Close