Интензивни врнежи од дожд и град го зафатија кумановско., Селото липково побеле од град со големина на орев.

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

Според објавите и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи, во селото Липково паѓал град со големина на орев и целиот простор е побелен.

Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосферска канализација  водата се слева по улиците.

На улицата „11 Октомври” пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово.

Back to top button
Close