Интер го казни Брозовиќ со 100.000 евра

– Интер му изрече казна од 100.000 евра на Марсело Брозовиќ. Тој беше фатен како возел откако пиел алкохол во петокот навечер. Фудбалерот бил запрен од полицаец откако поминал црвено светло.

Неговата возачка дозвола е одземена, а клубот реши да му изрече дополнителна санкција во сериозна сума за кршење на внатрешните правила. По инцидентот, Брозовиќ имаше неколку настапи на социјалните медиуми, во кои го исмеваше она што се случи.

Сето ова ја прави неговата иднина во Интер неизвесна, тврди „Газета дело Спорт“. И покрај генерално добрата сезона што ја имаше, 27-годишниот играч од средниот ред сè уште не го убеди целосно Антонио Конте дека може да смета на него на долг рок.

Back to top button
Close