Интер на убедлив начин избори финале во Лигата на Европа

 Интер ќе игра во финалето на Лигата на Европа, откако вечерва во полуфиналето забележа убедлива победа против Шахтјор со 5:0.

Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку по два пати ја затресоа мрежата на украинскиот тим, еднаш во листата на стрелците се запиша Данило Д’Амброзио.

Интер во финалето ќе се сретне со Севиља која вчера го победи Манчестер јунајтед со 2:1.

За тимот од Милано ова ќе биде прво финале во евро-куповите по 2010 година. Тогаш, Интер предводен од Жозе Мурињо ја освои Лигата на шампионите.

Back to top button
Close