Интер неколку недели без повредениот Зиелински
Фудбалерот на Интер, Пјотр Зиелински ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на потколеницата, соопшти денеска италијанскиот клуб.
Зиелински се повреди во саботата, при победата од 3-2 против Монца во Серија А. Полскиот интернационалец влезе во игра во 70. минута, но мораше да го напушти теренот само три минути подоцна.
Од миланскиот клуб соопштија дека по лекарските прегледи било утврдено дека фудбалерот го истегнал мускулот на потколеницата на десната нога.
„Состојбата на полскиот играч за врска ќе биде проценета за неколку недели“, се вели во клупско соопштение.
Зиелински сигурно ќе го пропушти утрешниот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд, со почеток во 21 часот во Милано. Тој оваа сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола