Интер одби 50 милиони евра од Челзи за Бастони

Калчолигашот Интер одби да го продаде дефанзивецот Алесандро Бастони на лондонски Челзи, објави денеска весникот „Ла Газета дело Спорт“.

Според истиот извор, премиерлигашот понудил 50 милиони евра за услугите на 26-годишниот италијански репрезентативец, но Интер ја одбил понудата.

Бастони минатата сезона одигра 57 натпревари, постигнувајќи два гола, а и имаше шест асистенции.

Италијанскиот репрезентативец се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но шпанскиот првак се повлече од преговорите со Интер поради високата цена поставена за Бастони

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close