Интер загуби од Болоња во полуфиналето на Суперкупот на Италија

Интер синоќа загуби од Болоња во полуфиналето на Суперкупот на Италија што се одржува во Саудиска Арабија. Натпреварот на стадионот на „Универзитетот на Крал Сауд“ во Ријад беше решен по изведување пенали (3:2), откако основните 90 минути немаше победник (1:1).

Напаѓачот на „нераѕурите“, Маркус Турам, го отвори резултатот во втората минута. Пред полувремето, Рикардо Орсолини реализираше пенал за израмнување на резултатот.

Во финалето, Болоња ќе се соочи со Наполи, кој го победи Милан со 2:0.

Мечот за трофејот е закажан за понеделник (22 декември) со почеток во 20 часот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close