Интернет конекциите во Иран се очекува да бидат обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите


Постои можност интернет конекциите во Иран да бидат обновени денеска во 20 часот по локално време, пренесуваат иранските медиуми.

Иранските државни медиуми објавија дека кибер нападите што доведоа до исклучување на интернетот се одбиени.

Повеќето од 91 милион Иранци речиси три дена се без интернет откако иранската Влада воведе исклучување на интернетот на национално ниво, објавува Би-Би-Си.

Прекинот на интернетот во Иран е опишан како „најлошиот“ во досегашната историја на контролата на интернетот во земјата.

Последниот пат кога имаше толку долго исклучување на интернетот, во 2019 година, протестите беа брутално задушени во земјата, а овој пат интернетот беше исклучен поради конфликтот со Израел, наведува Би-Би-Си.

Back to top button
Close