Интернет конкурс за видеоразговор со Кијану Ривс со хуманитарна цел

 Глумeцoт Кијану Ривс ќе има средба, односно видеоразговор преку апликацијата „Зум“, со обожавателот кој ќе понуди најмногу пари за „Кем рејнбоу голд” – хуманитарна организација за деца заболени од рак.

„Го познавате. Го обожавате. Ова е навистина непроценлива можност да разговарате со него од дома“, се вели во описот. Наддавањето се затвора в понеделник, а датумот за разговор со Ривс е планиран за почетокот на јули.

Највисоката виртуелна понуда за овој видеоразговор досега достигна над 16.000 долари.

Предвидено е разговорот со ѕвездата да трае 15 минути, со веќе подготвени прашања.

Сиот приход од овие „15 минути слава – со Кијану Ривс” ќе ѝ биде директно уплатен на организацијата со седиште во Атланта.

Back to top button
Close