Интерпелација за Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери по синоќешната драма во Собранието, кога собранискиот претседател за време на  пријавувањето за збор ги заклучи вратите од собраниската сала, пишува тв24.

ВМРО-ДПМНЕ велат дека Џафери направил кривично дело, го загрозил слободното движење на пратенциите, го прекршил Уставот и Деловникот.

Во вжестена атмосфера тие бараа синоќа полиција да дојде за да ги отклучи вратите, и ја окупираа собраниската говорница.

Back to top button
Close